Immunogenetics and Transplantation Lab

Доц. д-р Дејан Трајков

Доцент по имунологија

Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

Поддржете не

Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

Помлад асистент д-р Мери Киријас (1984-)

Помлад асистент по имунологија и хумана генетика

+389 2 3110 556

merikirijas@gmail.com

 

Профили:

BiomedExperts | Face Book
Google Scholar | Index Copernicus
Linkedin | Mendeley
PubGet | PubMed
ReserachGate | Wikipedia

 

Биографски податоци

Д-р Мери (Панева) Киријас е родена на 29.04.1984 година во Скопје каде што завршила основно и средно образование. Во 2002 година се запишала на Медицинскиот факултет при Универазитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истиот го завршила во 2008 година и се стекнала со степен на образование доктор на медицина. Од мај 2009 година е вработена на Институтот за имунобилогија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје каде што е вклучена во секојдневната рутинска работа и во истражувањата од областа на хуманата генетика. Во 2010 година е избрана за помлад асистент по предметот имунологија и е вклучена во изведувањето на практичната настава по предметите имунологија и хумана генетика за студентите од Медицинскиот факултет.
 

Како студент учествувала во изработката на студентска тема и учествувала на 29 научен конгрес на студентите по медицина од Македонија со меѓународно учество одржан во Охрид во мај 2006. Учествувала, како коавтор, во изработката на повеќе трудови објавени во домашни и странски списанија. Исто така учествувала на повеќе конгреси, едукативни семинари и симпозиуми како и на 1-та имунолошка школа за југоисточна Европа одржана од 22-25.10.2009 во Охрид, Македонија и на 2-та имунолошка школа за југоисточна Европа одржана од 1-4.10.2010 во Дубровник, Хрватска.

 

X