Immunogenetics and Transplantation Lab

Доц. д-р Дејан Трајков

Доцент по имунологија

Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

Поддржете не

Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

Основање и кратка историја

Предметот имунологија за прв пат е воведен во шестгодишниот систем на студии на Медицинскиот факултет во учебната 1993/94 година со фонд на часови 15 теоретска настава и 15 часа практична настава во зимскиот семестар од третата година (5. семестар). Во почетокот целокупната теоретска и практична настава ја изведуваа наставници и асистенти по физиологија од Институтот за физиологија и наставници и асистенти од Републичкиот завиод за трансфузиологија. Денес предметот имунологија се слуша во 3. семестар со фонд од 24 часови теоретска настава и 21 час практична настава.

Во текот на 1994 година беа распишани избори и беа избрани првиот наставник и првите асистенти по предметот имунологија. На 02.03.1995 година е конституирана правата Катедра за имунологија на Медицинскиот факултет во Скопје. За прв Шеф на Катедрата за имунологија е избран проф. д-р Перко Колевски од тогашниот Завод за трансфузиологија на Република Македонија.

Во јуни месец 1995 година излезе од печат првиот учебник по имунологија, односно книгата Основни имунолошки методи наменета за практична настава од овој предмет.

На 27.11.1997 година за Шеф на Катедра за имунологија е избран проф. д-р Мирко Спироски.

Во февруари месец 1998 година воведено е континуирано образование од имунологија во вид на Имунолошка школа.

Во октимври 1997 година воведени се изборните предмети на последипломски студии од имунологија на Медицинскиот факултет и на интердисциплинарните студии по молекуларна биологија и генетско инженерство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Во јуни месец 1998 година на Наставно научниот совет на Медицинскиот факултет прифатена е програмата за супспецијализација од имунологија.

На 22.04.1999 година Наставно научниот совет на Медицинскиот факултет во Скопје донесе одлука за создавање Институт за имунологија (во формирање) во состав на Институти.

Во номеври 2000 година регистриран е Институт за имунобиологија и хумана генетика (Рег. бр. 412074/012, бр. 27-97).

Во јули 2000 година формирана е Македонска банка за хумана ДНК (хДНКМКД).

За прв директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика е избран проф. д-р Мирко Спироски.

На 20.09.2013 за нов раководител на Институтот за имунобиологија и хумана генетика е избран доц. д-р Дејан Трајков.

 

Мисија

Основна мисија на Институто за имунобиологија и хумана гентика (ИИБХГ) е да изведува наставна, здравствена и научна дејнсот од областите на имунологијата, молекулската медицина и хуманата генетика и да ги обединува поединците и институциите од Република Македонија за остварување на овие цели.

 

Визија

Имунологијата, молекулската медицина и хуманата генетика по својот карактер на работа се специјализирани целини кои целосно се извршуваат во Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје.

Наставната дејност е застапена во сите форми и степени на образование (средно, додипломско, последипломско, специјализации, докторски студии, доживотно образование).

Здравствената дејност се остварува во врвна лабораториската дијагностичка дејност од областите на  имунологија, молекулска медицина и хумана генетика за сите граѓани, приватни и јавни установи во Република Македонија и од странство.

Научната работа се остварува во сите области од имунологијата, молекулската медицина и хуманата генетика од сопствени, билатерални, национални и меѓународни проекти.

 

Организациски вредности

Организациските вредности кои ги негува ИИБХГ се:

Посветеност, објективност и еднаквост кон сите учесници во образованието затоа што тие треба да ги научат сите аспекти од имунологијата, молекулската медицина и хуманата генетика.

Квалитет, одговорност и брзина во сите лабораториски испитувања од имунологијата, молекулската медицина и хуманата генетика се основните организациски вредности затоа што тие им се неопходни на пациентите.

Оригиналност, креативност и далекугледост во научните истражувања затоа што тие придинесуваат за општиот развој на човештвото.

X