Immunogenetics and Transplantation Lab
 

    Доц. д-р Дејан Трајков

    Доцент по имунологија

    Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

    Поддржете не

    Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

     

    Доц. д-р Дејан Трајков
    Доцент по имунологија

    389 2 3110556

    389 2 3110558

    dejantmk@yahoo.com

     

    Профили:

    BiomedExperts | Face Book
    Google Scholar | Index Copernicus
    Linkedin | Mendeley
    PubGet | PubMed
    ReserachGate | Wikipedia

     

    Биографски податоци

    Д-р Дејан Трајков е роден во Скопје во 1963 година. Основно образование и гимназија завршил во Скопје со одличен успех. Студиите на Медицинскиот факултет во Скопје ги започнал во учебната 1982/83 година, а ги завршил во 1989 година со среден успех 8,73. Стручниот испит за лекари го положил во 1991 година. Во 1997 година ја започнал специјализацијата по трансфузиологија, а ја завршил во 2001 година, со што се стекнал со звањето специјалист - трансфузиолог. Супспецијализацијата по имунологија ја започнал во јуни 2002 година, а ја завршил во 2011 година, со што се стекнал со звањето супспецијалист по имунологија и со лиценца за работа со пациенти од имунологијата. На Институтот за МЕП Физиологија со антропологија се вработил во 1991 година. Во 1997 година е еден од основачите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, каде работи до денешен ден. На 20.09.2013 година е назначен за раководител на Институтот за Имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје.
     

    Наставна дејност

    За помлад асистент по предметот физиологија бил избран во 1993 година и сè до 1997 година учествувал во изведувањето на практичната настава по предметот физиологија за студентите по медицина, стоматологија, фармација и на Факултетот за физичка култура. За помлад асистент по предметот имунологија бил избран во 1995 година, а за асистент по истиот предмет бил избран во 2000 година. Во 2004 година бил преизбран за астистент по предметот имунологија. Од 1994 година до денес учествува во изведувањето на практичната настава по предметот имунологија за студентите по медицина и предметот имунохемија со основи на имунологија за студентите по аналитичка биохемија. Исто така, учествува и во изведувањето на практичната настава за студентите на постипломски студии на Стоматолошкиот факултет. Од 2005 година до денес учествува и во изведувањето на практичната настава по предметот хумана генетика за студентите по медицина, за студентите по логопедија и високите стручни сестри, по предметот биохемија 3 за студентите од аналитичка биохемија и по предметот генетика на спортот за студентите од Факултетот за физичка култура. Во 2012 година учествувал и во изведувањето на практичната настава по предметот методологија на научноистражувачка работа (од областа на биотехничките, медицинските науки и јавното здравството) за студентите од докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Учествувал во изработката на неколку практикуми за овие предмети, како и во преводот на учебници за нив. Како едукатор учествувал на 11 работилници за студентите по медицина и на 2 работилоници за контрола на квалитетот во медицинските лаборатории за лаборанти. Ментор е на 6 студентски теми изложени на конгресите на студентите по медицина во земјата и во странство.


    Стручна и научна дејност

    Постдипломските студии ги започнал во учебната 1989/90 година, а во ноември 1999 година го одбранил магистерскиот труд на тема „Застапеноста на изоензимските форми на ензимот аденозин деаминаза (АДА) и активноста на аденозин деаминаза комплексирачкиот протеин (АДКП) во лимфоидните органи/ткива и крвта кај стаорци и зајци“, со што се здобил со звањето магистер по медицински науки. Во 2009 година ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Молекуларно дефинирање на цитокинските полиморфизми во Република Македонија и нивната асоцираност со некои заболувања“, со што се стекнал со звањето доктор на медицински науки. Досега има реферирано 103 стручни трудови на конгреси во нашата земја и во странство, а учествувал и во изработката на 52 труда печатени во домашни и во странски списанија. Учествувал во изработката на 4 национални научноистражувачки проекти. Има одржано едно предавање на секцијата на Здружението на медицинските биохемичари на Македонија, а учествувал и во изработката на една научно-популарна статија во стручно-методско списание.
     

    Стручно-апликативна дејност

    Во Институтот за имунобиологија и хумана генетика бил раководител на лаборатории и учествува во постојаната лабораториска работа, од што произлегува и воведувањето на голем број нови лабораториски техники. Досега посетувал 12 школи, работилници и курсеви од областа на имунологијата и генетиката.

    Дејности од поширок интерес

    Како член на Организациониот одбор учествувал во организација на 2 национални и 2 меѓународни научни/стручни собири. Член е на уредувачкиот одбор на 2 научно-стручни списанија, за кои рецензирал и трудови. Учествувал во оснивањето и е заменик на главниот утрдник на Macedonian Journal of Medical Science (Македонското списание за медицински науки). Секретар е на Здружението за базична, клиничка имунологија и алергологија, а бил и член на Управниот одбор на Македонското научно здружение за аутизам. Во 2000 година е добитник на диплома од Македонското лекарско друштво за придонеси и ангажирање во неговата работа. Во 2013 година е избран за член на комисијата за „Трансплантација на органи и ткива“ при Лекарската комора на македонија. Во 2013 година бил член на подкомисијата за внатрешната евалуација на програмата за логопеди при Медицинскиот факултет во Скопје.

     

    X