Immunogenetics and Transplantation Lab
 

    Доц. д-р Дејан Трајков

    Доцент по имунологија

    Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

    Поддржете не

    Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

     

     

    Докторските студии на УКИМ траат три години, што изнесува 180 ЕКТС - кредити.

    Студиските програми се состојат од:

    1. обука за истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
    2. едукација, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
    3. пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација, што изнесува 120 ЕКТС-кредити.

    Обуката за истражување  опфаќа:

    • три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити (сите предмети од оваа група изнесуваат 4 кредити), и тоа: предметот научноистражувачка етика, еден предмет од групата предмети методологија на истражување и уште еден предмет од понудената листа на други предмети од обуката за истражување, која, по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува Универзитетскиот стручен совет за докторски студии;

    • докторски семинари, конференции и работилници од истражувачка практика, што изнесува 18 ЕКТС-кредити.

    Едукацијата опфаќа предмети од полето, областа и од потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити.

     

    X