Immunogenetics and Transplantation Lab
 
  •   Г-индекс, Е-Индекс

Содржина:

 

  • Општо за Г-индекс
  • Општо за Е-Индекс
  • Бази на податоци кои прикажуваат Г-Индекс

Општо за Г-Индекс


Г-Индексот е предложен од  Leo Egghe како подобрување на Х-Индексот. Г-Индексот ги зема во предвид авторовите високо цитирани трудови.

Г-Индексот може за авторите, списанијата и установите може да се пресмета со слободниот софтверски пакет Publish or Perish. Повеќе информации за овој индекс можат да се добијат од:
 Egghe, L. (2006) “Theory and practise of the g-index”. Scientometrics 69(1):131-152. Available:
http://www.springerlink.com/content/4119257t25h0852w/fulltext.pdf

 

Општо за Е-Индекс

 

Е-Индекс е квадратен корен од збирот на цитирања во Х-Индексот над Х2, односно над теоретскиот минимум потребен да се добие Х во Х-Индексот. Целта на Е-Индекост е да направи разлика помеѓу научници со слични Х-Индекси, но со различни облици на цитирање.

Е-Индексот е предложен од Chun-Ting Zhang во неговиот труд The e-index, complementing the h-index for excess citations, PLoS ONE, Vol 5, Issue 5 (May 2009), e5429. 

 

Бази на податоци кои прикажуваат Г-Индекс

 

 


Publish or Perish (ПОП) е слободен софтверски програм кој пребарува и анализира академски цитирања. ПОП го користи Google Scholar за да се добијат груби цитирања, а потоа нив ги анализира.


Microsoft Academic Search е бета верзија за пребарување академски списанија и нивните автори кои ги групира според територија, според установи и според автори со прикажување на нивните публикации и цитирања според години, како и пресметување на Г-Индекс и Х-Индекс. Покрај тоа, прикажува и аналитика на подрачјата (домените) во институциите или графички приказ на коавторите. Во оваа бета верзија влезот на податоците и критериумите за нивното групирање не се јасно прецизирани и поради тоа не се комплетни. Еве еден пример за Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, или за еден автор (проф. д-р Мирко Спироски).

 


 

Користење & Приватност  | Проблеми со ВЕБ страниците

Автор: проф. д-р Мирко Спироски

Институт за имунобиологија и хумана генетика, Медицински факултет, Скопје, Република Македонија
Creative Commons Attribution License
Целокупниот материјал, освен каде што е назначено, е лиценциран под
Нелокализирана лиценца (CC by 2.5).
ВЕБ страници од АјДи-Дизај