Immunogenetics and Transplantation Lab
 
  •   Хиршов Х-индекс

Содржина:

 

  • Општо за Хиршовиот индекс
  • Бази на податоци кои обезбедуваат Х-Индекс
  • Пресметување Хиршов индекс со Web of Science (на англиски)
  • Пресметување Хиршов индекс со Scopus (на англиски)

Општо за Хиршовиот индекс

Jorge Hirsch во 2005 година предложи х-Индекс или Хиршов индекс како мерка за мерење влијанието и продуктивноста на научникот. Х-индексот се пресметува од бројот и влијанието на научниковите трудови. Х-Индекс од 20 значи дека истражувачот има објавено 40 трудови со најмалку 20 цитирања.

Во четирите извори - Web of Science Citation Indexes, Scopus, Google Scholar (преку Publish or Perish)и  Google Scholar Citations вклучени се неопходните цитациски податоци за да се пресмета Х-Индексот.

За повеќе информации види: Hirsch, J. (2005). An index to quantify an individual's scientific research output. PNAS 102 (46): 16569-16572. Достапно на
http://w3.unisa.edu.au/rqf/docs/h-indexHirschPNAS2005.pdf

Х-Индексот на еден автор ќе биде различен во секој од овие извори, бидејќи пресметките се базираат на индексираните содржини во секој од овие извори!

 

Бази на податоци кои обезбедуваат Х-Индекс

Web of Science

Web of Science ги вклучува Science Citation Index; Social Sciences Citation Index; Arts & Humanities Citation Index; Conference Proceedings Citation Index- Science; Conference Proceedings Citation Index- Social Science & Humanities и го покрива периодот од 1956+. Се обновува неделно.

Покрива над 10,000 списанија со висок фактор на влијание во науката, сицијалните науки, во науките на уметностите и во науките за човекот, како и меѓународни претходни соопштенија од околу 120,000 конференции.

Упатство за пребарување цитирана литература (Cited Reference Searching Tutorial).
 

Scopus

Scopus - база на извадоци и цитирања во литературата од научните списанија, вклучувајќи ја уметноста и науките за луѓето.

Содржи 45.5 милиони записи, 70% со извадоци, со околу 19,500 наслови од 5,000 издавачи од целиот свет, 70% од содржината е собрана од меѓународни извори, вклучувајќи над 4.6 милиони конференциски трудови. Го покрива периодот од 1996+. Се одновува неделно.

Лекции и упатства:
     - Упатства за користење на SciVerse Scopus (на англиски)

     - Searching for Authors and Tracking Citations (на англиски)
 

 

 


Publish or Perish (ПОП) е слободен софтверски програм кој пребарува и анализира академски цитирања. ПОП го користи Google Scholar за да се добијат груби цитирања, а потоа нив ги анализира.

Google Scholar

Цитирања

Google Scholar Citations им обезбедува на авторите едноставен начин за следење цитираноста на нивните трудови. Можете да видите кој ги цитира вашите трудови, графикон од цитирањата во тек на време и комјутеризација на неколку цитациски мерки. Можете да го направите профилот јавно достапен, така да може да се појави во резултатите на Google Scholar кога луѓето ќе го пребараат вашето име, на пример Dejan Trajkov.

 

Пресметување Хиршов индекс со Web of Science (на англиски)

 

 

Пресметување Хиршов индекс со Scopus (на англиски)

 

 


 

Користење & Приватност  | Проблеми со ВЕБ страниците

Автор: проф. д-р Мирко Спироски

Институт за имунобиологија и хумана генетика, Медицински факултет, Скопје, Република Македонија
Creative Commons Attribution License
Целокупниот материјал, освен каде што е назначено, е лиценциран под
Нелокализирана лиценца (CC by 2.5).
ВЕБ страници од АјДи-Дизај