Immunogenetics and Transplantation Lab
 
  •   Цитациски индекси

Содржина:

 

  • Општо за цитациските индекси
  • Главни цитациски индекси
  • Други бази на податоци кои вклучуваат бројки
  • Цитациска анализа со Scopus (на англиски)
  • Упатства за користење на SciVerse Scopus (на англиски)

Објави или пропадни
(Publish or Perish)


Publish or Perish (ПОП) е слободен софтверски програм кој пребарува и анализира академски цитирања. ПОП го користи Google Scholar за да добие груби цитирања, потоа нив ги анализира и ја прикажува следнава статистика:

  • Вкупен број на трудови
  • Вкупен број на цитирања
  • Среден број цитирања по еден труд
  • Среден број цитирања по еден автор
  • Среден број трудови по еден автор
  • Среден број цитирања по една година
  • Хиршовиот х-Индекс и сродните показатели
  • Егеовиот (Egghe's) г-Индекс
  • Современиот х-Индекс
  • Временски подесената цитациска рата
  • Две варијации на индивидуални х-Индекси
  • Анализа на бројот на автори по еден труд.

Општо за цитациските индекси

 

Цитациските индекси ги следат референците (литературните податоци) на авторите во листата на литература (референци) во нивните трудови. Тие овозможуваат да се пребарува и да се анализира литературата на начин кој не е можен со едноставното пребарување на клучни зборови.

Ниту една база нема да ги индексира сите трудови од еден автор!

Многу бази на податоци вклучуваат бројки од цитираните податоци - види повеќе детали подолу на оваа страница. Кога се бараат цитациски податоци за одделен научник, се препорачува да пребарате барем во Web of Science Citation Indexes, Scopus и Google Scholar.

 

Главни цитациски индекси

 
Web of Science

Web of Science ги вклучува Science Citation Index; Social Sciences Citation Index; Arts & Humanities Citation Index; Conference Proceedings Citation Index- Science; Conference Proceedings Citation Index- Social Science & Humanities и го покрива периодот од 1956+. Се обновува неделно.

Покрива над 10,000 списанија со висок фактор на влијание во науката, сицијалните науки, во науките на уметностите и во науките за човекот, како и меѓународни претходни соопштенија од околу 120,000 конференции.

Упатство за пребарување цитирана литература (Cited Reference Searching Tutorial).
 

Scopus

Scopus - база на извадоци и цитирања во литературата од научните списанија, вклучувајќи ја уметноста и науките за луѓето.

Содржи 45.5 милиони записи, 70% со извадоци, со околу 19,500 наслови од 5,000 издавачи од целиот свет, 70% од содржината е собрана од меѓународни извори, вклучувајќи над 4.6 милиони конференциски трудови. Го покрива периодот од 1996+. Се одновува неделно.

Лекции и упатства:
     - Calculating the H-Index in Scopus (на англиски)

     - Упатства за користење на SciVerse Scopus (на англиски)

     - Searching for Authors and Tracking Citations (на англиски)
 

Google Scholar

Google Scholar индексира трудови, тези, книги, извадоци и судски мислења од академски издавачи, професионални  здруженија, онлајн ризиници, универзитети и други ВЕБ страници.

Политиката на селекција и информации за покриеноста не се достапни.

 

Други бази на податоци кои вклучуваат бројки

  • ACM Digital Library - содржина, извадоци од избрани трудови, ревиски трудови и околу 31,000 целосни трудови од АЦМ списанија, новини и конференциски соопштенија почнувајќи од 1985 година.

  • EBSCO Databases - вклучува 36 повеќедисциплински бази на податоци од уметсностса, архитектурата, сестринството, образованието, економијата, здравството, психологијата, спортот и религијата.

  • JSTOR - онлајн пристап кон целосни трудови во архив од академски списанија кои објавуваат во уметноста и човечките науки, социјалните науки, музиката, бизнисот, математиката и статистиката.

  • OVID Databases - вклучува MEDLINE, EMBASE, PsycINFO, AMED, Social Work Abstracts и многу други.

  • PubMed - биомедицинска литература од MEDLINE, списанија од природните науки и онлајн книги.

  • ScienceDirect - целосни трудови и библиографски информации за науката, технологијата и медицината. Вклучува онлајн референтни трудови, учебници, серии книги и околу 2,000 наслови на списанија.

  • SciFinder Scholar - ја пребарува базата на податоци Chemical Abstracts Service која содржи литература од многу научни дисциплини вклучувајќи ги и биомедицинските науки, хемијата, инженерството, науката на материјали, науката за земјоделие и повеќе.

  • SpringerLink - вклучува сегашни и поранешни од волумените на Springer/Verlag & Birkhauser публикациите во полињата од биологија/биомедицина, хемија, геолошки науки, компјутерски науки, математика, медицина, физика, инженерство, екологија и економика.

 

Цитациска анализа со Scopus (на англиски)

16 минутно упатство од Yale Medical Library

 

 


 

Користење & Приватност  | Проблеми со ВЕБ страниците

Автор: проф. д-р Мирко Спироски

Институт за имунобиологија и хумана генетика, Медицински факултет, Скопје, Република Македонија
Creative Commons Attribution License
Целокупниот материјал, освен каде што е назначено, е лиценциран под
Нелокализирана лиценца (CC by 2.5).
ВЕБ страници од АјДи-Дизај