Immunogenetics and Transplantation Lab

Доц. д-р Дејан Трајков

Доцент по имунологија

Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

Поддржете не

Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

 

Мисија

Основна мисија на Центарот за имуни, молекулски и генетски испитувања е да обезбеди врвни дијагностички методи за испитување, како и да обезбеди ресурси за дијагностицирање и лекување на имуниот систем, молекулската медицина и хуманата генетика во Република Македонија.

 

Визија

Имунологијата, молекулската медицина и хуманата генетика по својот карактер на работа се специјализирани целини кои целосно се извршуваат во Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје.

Здравствената дејност се остварува во врвна лабораториската дијагностичка дејност од областите на  имунологија, молекулска медицина и хумана генетика за сите граѓани, приватни и јавни установи во Република Македонија и од странство.

 

Организациски вредности

Квалитет, одговорност и брзина во сите лабораториски испитувања од имунологијата, молекулската медицина и хуманата генетика се основните организациски вредности затоа што тие им се неопходни на пациентите.

 

Организација

1. Имуни испитувања

    1.1. Лабораторија за хуморален имунитет

    1.2. Лабораторија за клеточен имунитет

    1.3. Лабораторија за имуногенетика

    1.4. Лабораторија за алергии и автопротивтела

2. Молекулски испитувања

    2.1. Изолација и складирање ДНК и РНК (Македонска банка за хумана ДНК)

    2.2. Лабораторија за полиморфизми

    2.3. Македонски дарителски регистер

3. Генетски испитувања

    3.1. Лабораторија за познати мутации

    3.2. Лабораторија за непознати мутации (секвенционирање на ДНК)

    3.3. Јавна банка за матични клетки од папочна крв

X