Immunogenetics and Transplantation Lab
 

    Доц. д-р Дејан Трајков

    Доцент по имунологија

    Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

    Поддржете не

    Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

     

    Усвоени новите цени за здравствени услуги

     

    Долго време во Република Македонија се користеа цени за здравствените услуги кои базираат на поранешните законски определби и начинот на финансирање на здравствената дејност. Со воспоставувањето нови принципи за финансирање на лабораториската дијагностика, како дел од Консултативно специјалистичката дејност во Република Македонија, се наметна потреба од преименување, прегрупирање, усогласување и дефинирање нови цени за лабораторикста дејност.

    Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје својата здравствена дејност ја организира во склоп на Центар за имуни, молекулски и генетски испитувања (ЦИМГИ). Во овој центар се изведуваат лабораториски испитувања од три подрачја: имунологија, молеулска медицина и хумана генетика, поради што беа предложени нови цени за секоја од овие области со кратенките ИМУ, МОЛ и ХУГ, соодветно.

    За секоја од овие области беа предложени поединечни цени кои беа пресметани врз основа на технологиите со кои се работат, опремата која ја користат, хемикалиите со европски квалитет и обемот на вложениот труд на тимовите вклучени во нивно изведување.

    После неколку усогласувања цените се усвоени и објавени (http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/CENOVNIK na zdravstveni uslugi (27.12.2011).xls) со нивна примена од 01.02.2012 година.

     

    X