Immunogenetics and Transplantation Lab

Доц. д-р Дејан Трајков

Доцент по имунологија

Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

Поддржете не

Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

 

Усвоени новите цени за генетски испитувања

 

Генетските испитувања во Република Македонија се нерегулирана област, во која многу државни и приватни институции се бават со давање лабораториски услуги од оваа област. Институтот за имунобиологија и хумана генетика предложи нови цени за генетски испитувања, кои се групирани според технологијата на работа, користената опрема и потребните хемикалии. На овој начин ќе се направи ред во идентификацијата, класификацијата и објективноста во определувањето цена за едно генетско испитување кое базира врз методи со Европски квалитет (EC).

Поради усогласување и прилагодување со досега користените цени, кои главно се изведуваа во Центарот за генетско инженерство и нови технологии во МАНУ, беа направени дополнителни анализи и споредби помеѓу поранешните и новите цени за генетски испитувања. На состанокот одржан на 20.12.2012 годин во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија помеѓу Комисијата за цени, Институтот за имунобиологија и хумана генетика и Центарот за генетско инженерство и нови технологии во МАНУ, беа направени усогласувања и поднесен конечниот предлог за нови цени.

Состанок на Комисијата за цени при Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Институтот за имунобиологија и хумана генетика и Центарот за генетско инженерство и нови технологии во МАНУ (одржан на 20.12.2012 година) за усогласување на предлогот за нови цени од областа на генетската дијагностика во Република Македонија.

 

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија ги прифати предложените цени, тие се објавени во Службен весник на Република Македонија број 54, 2013 година и се применуваат од 23.04.2013 година. Овие цени се крупен чекор кон регулирањето на генетската дијагностика во Република Македонија и нивното усогласување со методите и цените во Европската Унија.

 

 

X