Immunogenetics and Transplantation Lab
 

    Доц. д-р Дејан Трајков

    Доцент по имунологија

    Раководител, Институт за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје

    Поддржете не

    Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.

     

    Прием на пациенти

    Приемот на пациенти на Институтот за имунобиологија и хумана генетика се врши секој работен ден од 08:00 до 14:30 часот.

     

    Пациенти од јавни амбулантни установи и матични лекари

    За користење на здравствени услуги пациентот со себе треба да носи: здравствена книшка; упат од матичен лекар или специјалист, на кој точно треба да биде наведена дијагнозата и анализите кои се потребни за да се испитаат;  син картон од ФЗО; пари за партиципација.

     

    Партиципација

    Висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги зависи од видот и бројот на анализи, а се движи од 50 до 500 МКД): 1) Од  1-3 анализи, 50 ден; 2) Над 3 анализи од исто испитување (пр. 4 алергени; пр. 4 автопротивтела), 100 ден; 3) Над 3 анализи од различни испитувања (пр. 4 алергена + 4 автопротивтела, 200 ден; 4) Повеќе различни класи на противтела, 200 ден; 5) Една класа противтела, 100 ден; 6)  Молекуларни методи за испитување, 300 ден; 7) Комбинирани испитувања (серолошки и молекуларни), 500 ден.

    Партиципација не плаќаат деца до една годишна возраст, крводарители со решение и лица ослободени од фондот со решение.

     

    Пациенти од јавни стационарни установи

    Пациентите кои што се хоспитализирани, лабораториските услуги можат да ги користат само со интерклинички упат, при што целокупната фактурираната сума за извршените услуги е на товар на установата од каде што се испратени. Земениот материјал од пациентот (венозна крв, брис) и упатницата ги доставува болничкиот персонал од установата од каде што истиот е хоспитализиран.

     

    Приватни пациенти

    Пациентите кои што не се осигуреници на ФЗО на РМ, како и странски државјани се третираат како пациенти со приватно лекување и истите треба да платат полн износ во финансиски средства утврдени во ценовникот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика

     

    Судски вештачења

    Лабораториските услуги потребни за судски вештачења се извршуваат само со писмено барање од судот, и за истите се наплатува полн износ во финансиски средства утврдени во ценовникот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика

     

    Лица кои што отслужуваат затворска казна

    Приемот и земањето материјал на овие пациенти се врши само доколку се во придружба на овластено службено лице. Целокупната фактурираната сума за извршените услуги е на товар на КПД.

     

    Земање примерок

    По записот во амбулантскиот Дневник за пациенти, на пациентот ке му биде земен материјал (венска крв) за потребните анализи.

    Покрај земањето примерок на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, пациентите можат да достават примерок (венска крв, брис, урина) соодветно земени во други здравствени установи.

    Земениот примерок се обележува со соодветна шифра (се обезличува или анонимизира), се обработува (центрифугира) и се складира за понатамошно анализирање.

     

    Потпишана согласност

    За одредени генетски анализи потребно е да се потпише согласност од страна на пациентот, старателот или законски застапник.

           

    Издавање резултати

    Резултати се издаваат секој работен ден од 8.00 до 14.30 часот.

    Издавањето резултати усно и по телефон е строго забрането.

    Отпечатените резултати можат да се подигнат лично, или да се испратат по пошта, електронска пошта (e-mail) и телефакс.

    Доколку се издаваат печатените резултати по пошта, неопходно е да се остави адресиран коверт со поштенска марка.

    X